Денеска е историски ден, вистински историски ден за Европа и светот, бидејќи има можност за Украина, Молдавија, Република Северна Македонија и Грузија, со различен статус, да ја направат Унијата да стане многу посилна, изјавил на прес-конференција лидерот на бугарската ГЕРБ, Бојко Борисов.

-Имав многу разговори деновиве. Знаете дека ние сме убедени Европејци и знаеме дека ова е вистинската работа. Од утрово го слушаме објаснувањето на премиерот дека тоа не може да се случи денеска. Обвинувања за тоа кој е кукавички, а кој е храбар, навел Борисов.

-Прифаќам дека ние сме кукавиците, тој е храбриот, тој е херојот. Нека влезат во парламентот, нека ви го дадат предлогот, успехот нека биде целосно нивен. Нека ми стојат пред домот, нека ме викаат предавник. Но, ние како партија знаеме дека ова е најдобро за Бугарија, за соседите, за РСМ и мора да го искористиме француското претседателство и да го направиме тоа денеска, нагласил Борисов.

-Ги молам да престанат со квалификациите, туку да го внесат предлогот во собраниската сала. Ќе го освоите аплаузот од цела ЕУ. Да имав таква опозиција, веројатно ќе бев 50 години премиер, потенцирал Борисов.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO