Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра изјави дека холандската влада ќе го поддржи предлогот на Европската комисија за доделување на Украина и на Молдавија статус на земји кандидати за членство во ЕУ.

Тој оценува дека предлогот на комисијата е „избалансиран“, а во предвид е земена и геополитичката ситуација во Европа.

„Со оглед на војната и се што се случува во Европа, важно е да бидеме обединети. Мислам дека предлогот на Европската комисија е избалансиран и Холандија ќе го поддржи“, вели холандскиот министер за надворешни работи.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO