Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека НАТО на претстојниот самит во Мадрид ќе изјави дека Русија повеќе не е партнер, туку закана за безбедноста, мирот и стабилноста.

Запрашан за новиот концепт на стратегијата што треба да се усвои на самитот на 29 и 30 јуни, Столтенберг за германскиот весник „Билд“ нагласил дека кога се менува светот, тогаш и НАТО мора.

„Ќе изјавиме дека Русија повеќе не е партнер, туку закана за нашата безбедност, мир и стабилност. Кина, исто така, за прв пат ќе се спомене во тој документ. Подемот на Кина е предизвик за нашите интереси, вредности и безбедност “, објасни тој.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO