„Украинците се подготвени да умрат за европската перспектива“, рекла претседателката на Европската комисија, која е „специјалист за раѓање деца“, порачал поранешниот руски претседател, а сега заменик претседател на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, во врска со одлуката на Европската комисија да ѝ додели кандидатски статус на Украина за членство во Европската унија (ЕУ).

„Изгледа дека за тоа ги подготвуваат љубезни старатели од ЕУ“, напишач Медведев на Твитер.

Коментарот на Медведев – „Специјалист за раѓање деца“, без никакво сомневање се однесува на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која има седум деца.

„Украинците се подготвени да умрат за европската перспектива. Сакаме европскиот сон да живее со нас“, напишала таа.

Да потсетиме, Медведев вчера на Твитер ја критикуваше и посетата на францускиот претседател, германскиот канцелар и италијанскиот премиер на Украина со расистички навреди во врска со стереотипите за кујните на трите земји од Европската унија.

„Европските љубители на жаби, колбаси и шпагети сакаат да го посетуваат Киев“, објавил Медведев.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO