Шефот на црногорската дипломатија Ранко Кривокапиќ изјави по повод одлуката за забрана на прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој требаше да отпатува во Белград, дека се работи за елементарно почитување на обврските што ги презеде Црна Гора и затоа изненадуваат реакциите и заканите што следеа.

Кривокапиќ истакна дека посетата можела да се направи со воз, бидејќи тие не биле забранети на релација Белград-Москва.

„Одлуката за забрана на прелетот е формално донесена од Владата, тоа е административна процедура“, изјави Кривокапиќ по средбата со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас.

Коментирајќи ја руската поддршка за „Отворениот Балкан“, за која Лавров зборуваше вчера во своето обраќање по неуспешната посета, Кривокапиќ рече дека ова е регион богат со бројни иницијативи.

„Факт е дека нашиот премиер е во Охрид на Самитот и дека ќе се распраша за многу нејасни аспекти на таа иницијатива“, рече Кривокапиќ.

Тој посочи дека во таа прилика МНР на Црна Гора изготвило анализа поради многу нејаснотии и изрази уверување дека иницијативите како што е „Берлинскиот процес“ ќе опстојуваат долго, а други ќе бидат краткотрајни.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO