Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ имаше уште една причина за славење откако неговиот тим синоќа ја освои Лигата на шампионите по победата од 1-0 над Ливерпул.

36-годишниот ветеран потпишал нов договор со „белите“, тврди новинарот Фабрицио Романо. Информациjата гласи дека играчот од средниот ред веќе потпишал едногодишен договор, а веста официјално ќе биде објавена во наредните денови.

Модриќ веќе има пет трофеи во Лигата на шампионите.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO