Почна тет-а-тет средбата на премиерот Димитар Ковачевски со папата Франциск во Ватикан.

-На аудиенцијата кај Папата Франциск по повод чествувањето на големото дело Светите браќа Кирил и Методиј, кои со својата мисија го ширеа христијанството на јазик разбирлив за словенските народи и извршија и мисија на поврзување на народите на Европа, ги потврдивме пријателските односи со Светата Столица.Северна Македонија и Ватикан се цврсто поврзани со взаемна почит заснована на заеднички историски, културни и верски традиции и значајни ликови како Светите браќа Кирил и Методиј и Света Мајка Тереза.Со Папата Франциск се согласивме дека грижата за најранливите наши сограѓани во време на криза и почитувањето на разликите се столбовите на градењето на општество во кое има место за сите и дека плодната соработка со Ватикан ќе се продлабочи бидејќи ги делиме истите вредности на меѓусебно разбирање, толеранција и човечко достоинство,напиша премиерот на Фејсбук.

На аудиенцијата кај папата Франциск, Ковачевски присуствува со ќерката Тамара Ковачевски, како и членовите на делегацијата министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Во делегацијата се и Мартин Попов, шеф на Кабинет на претседателот на Владата, Ана Андреева, секретар за комуникации, односи со јавност и протокол на премиерот, Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верски заедници, Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Пимен Илиевски, митрополит на МПЦ-ОА, Јосиф Тодоровски, митрополит на МПЦ-ОА и Зоран Стојанов, декан на струмичка епархија на Католичката црква.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO