
Премиерот Димитар Ковачевски, информираше дека во Рим по повод чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј, ќе има средба со бугарскиот премиер Кирил Петков.
– Јас и бугарскиот премиер имаме редовна комуникација која се одвива на најразлични теми и со оглед на тоа дека и тие денеска се во Рим, ќе имаме средба на која ќе разговараме за напредокот на разговорите помеѓу министерствата за надворешни работи, изјави Ковачевски.
