Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека влезот на Финска и Шведска „веројатно нема да промени ништо значајно“, бидејќи двете нордиски земји веќе долги години учествуваат во воените вежби на Алијансата.

„НАТО одамна ја зема предвид територијата на Шведска и Финска кога планира воен напредок на исток. Така, во оваа смисла, веројатно нема голема разлика“, рече Лавров, пренесува „Интерфакс“.

Москва ќе види како НАТО ќе ја искористи територијата на тие две земји и врз основа на тоа ќе донесе заклучоци.

Украина е потрошен материјал за Западот

Украина е „потрошен материјал“ за Западот во војната со Русија, смета рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој оцени дека никому не му е потребна Украина и дека „потрошниот материјал“ е во хибридна општа војна со Руската Федерација, пренесува „РИА Новости“.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO