Бугарија нема да испраќа оружје во Украина, бидејќи не сака да се убиваат луѓе со бугарско оружје, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

Радев посочи дека секој ден од оваа војна е загуба за цела Европа, а неговата земја, иако е дел од НАТО и нивните одлуки, не сака да испраќа оружје во Украина.

„Не сакам да се убиваат луѓе со бугарско оружје, тоа е недозволиво“, потенцира Радев.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO