Одржувањето на добриот тон со владата зависи од решавањето на стратешките прашања за земјата, како она за Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот претседател, Румен Радев, цитиран од „ДИР“.

„Имаме некои разлики и јас ќе продолжам да ја следам оваа позиција и од тоа ќе зависат моите односи со владата“, додаде претседателот.

„Владата мора да работи на стратешки прашања за државата и да слуша што и кажуваат граѓаните“, истакна уште Радев на средбата во Амбасадата на Република Бугарија во Берлин со претставници на бугарската заедница во Германија.

Шефот на државата е во посета на Сојузна Република Германија на покана на неговиот колега, претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, со кого денеска треба да се сретне.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO