Бугарија не може да каже „да“ за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, додека нашата земја нема доволно гаранции утврдени во конкретен и значаен документ на европско ниво за да бидат земени предвид во секој чекор од преговорите, рече потпретседателката на Бугарија – Илијана Јотова.

Таа ја коментираше темата за С. Македонија пред новинарите во Бугарската академија на науките, каде што учествуваше на меѓународна годишнина конференција на Институтот за бугарски јазик.

Според неа, за жал, антибугарските позиции во земјава стануваат се посилни, вклучително и на највисоко ниво, и нема желба за дијалог.

Таа додаде дека „резултатите од активноста на историската комисија, која минатата недела беше кај нашиот источен сосед, „се повеќе од оскудни“, но нема информаци, односно едвај е направен чекор во која било насока, барем во позитивна“.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO