Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја поздрави победата на Изборот за песна на Евровизија, велејќи дека неговата земја, разурната од војна, ќе даде се од себе за да биде домаќин на финалето следната година во опколениот пристанишен град Мариупол.

Откако Аклушкиот оркестар победи на натпреварот во саботата вечерта, украинскиот претседател реагираше објавувајќи на Телграм: „Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа“.

Наредната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија, објави „Гардијан“.

„Ќе дадеме се од себе еден ден да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во Мариупол, Украина. Слободно, мирно, обновено. Сигурен сум дека нашиот победнички акорд во борбата со непријателот не е далеку“, рече Зеленски.

Фронтменот на оркестарот, Олех Псиук, ја искористи можноста да испрати барање пред огромната публика да се ослободат борците кои беа заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

Од Европската радиодифузна унија, која е организатор на натпреварот, најавија дека нема да се преземаат мерки против бендот, бидејќи тие ја искористиле сцената за давање такви изјави.

„Ги разбираме длабоките чувства за Украина во моментот и веруваме дека коментарите на оркестарот и другите уметници кои изразуваат поддршка за украинскиот народ се од хуманитарен, а не политички карактер“, велат тие.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO