Со оглед на тоа дека го услови своето влегување во Владата со почеток на преговори со ЕУ, дали доколку државата не добиеме датум во јуни, може да ја напуштат владината коалиција, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши денеска истакна дека тие влегле во Владата за да помогнат да се добие датум за преговори.

– Ако во некој момент процениме дека со нашето излегување би се помогнало за таа цел, би го направиле тоа. Но ние мислиме дека треба да има влада во Скопје, во нашата држава, која активно работи на изнаоѓање на договор со Бугарија и што побргу да се започнат преговори со Унијата за да станеме полноправна членка, истакна Гаши по прашањето.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO