Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави дека властите во Приштина постојано ги кршат правата на Србите и другите неалбанци на Косово, поради што приемот на Приштина во Советот на Европа ќе ја доведе организацијата во судир со основните принципи на кои таа се заснова.

Селаковиќ оцени дека е цинична и апсурдна забелешката на министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, дека Белград ќе го поддржи приемот на Приштина во Советот на Европа.

Тој изјави дека може да одговори на таква забелешка само дека Србија ќе ја разгледа кога ќе стане возможно покраините и регионите да влезат во Советот на Европа.

Селаковиќ оцени дека властите во Приштина со аплицирањето за членство во Советот на Европа уште еднаш докажале дека неодговорноста и едностраноста се принцип на нивното функционирање.

„Како суверена земја, Србија ќе реагира одговорно на одлуката на Приштина за безмилосно прекршување на Договорот од Вашингтон, преку дипломатски и политички средства. На овој начин, ние ќе ги браниме не само нашите интереси, туку и основните принципи на меѓународното право“, рече Селаковиќ за „Танјуг“.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO