
Бугарскиот премиер Кирил Петков ги отфрли тврдењата дека при претстојната посета на бугарската делегација на Северна Македонија на 22 мај ќе биде потпишан конкретен договор, пишува mediapool.bg.
Петков увери дека разговорите меѓу двете влади продолжуваат.
– Средбата се уште не е финализирана, но едно е сигурно, ние само го продолжуваме конструктивниот дијалог, но нема да биде потпишано ништо конкретно, рекол Петков.
