Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, денеска изјави дека ЕУ ќе одвои дополнителни половина милијарда евра за купување оружје за Украина и изрази очекување дека ЕУ ќе се договори за шестиот пакет санкции против Русија најдоцна до понеделник на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел.

Доаѓајќи на состанокот на Групата седум најразвиени земји (Г7), што се одржува во Германија, Борел повика на континуирана поддршка за Украина и продолжување на притисокот врз Русија.

Тој изјави дека продолжува работата на воведувањето на шестиот пакет санкции против Русија, кој треба да вклучи ембарго за увоз на нафта.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO