Пратеникот и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ во изјава за српски „Новости“ вели дека Вселенскиот патријарх всушност ја упатил МПЦ проблемите да ги решава со својата Мајка црква – Српската православна црква.

-Едни слават бидејќи во одлуката на Цариградскиот синод гледаат клучен чекор кон добивање на автокефалност. Но, со внимателно читање на одлуката на Фанарот јасно произлегува дека можноста црквата во Македонија да го сочува сегашното име е отфрлена. Многумина очекуваа Томос за црковна незавиност, но тоа исто така го нема. Наместо тоа, патријархот Вартоломеј ја упатува сегашната непризнаена МПЦ административните проблеми да ги решава со „Мајката црква“ , односно со Српската патријаршија, вели Стоилковиќ.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO