Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска по видеообраќањето на претседателот на Украина Володимир Зеленски во Собранието изјави дека Албанија и Косово стојат покрај Украина.

Рама рече дека можностите на Албанија материјално да ја поддржи Украина се мали, но тие го имаат својот глас на масата на НАТО, Советот за безбедност на Обединетите нации и ќе бидат присутни на донаторската конференција за Украина што ја свика Полска, пренесе РТК2.

„Од првиот час на агресија против Украина, не само ние, туку и цела Албанија, сите Албанци, целиот наш народ, вклучително и другата албанска држава Косово, застанавме покрај вас, со срце, ум и се што можевме. Албанија е многу помала земја од Украина. Нашите можности да ви помогнеме се прилично скромни, во споредба со вртоглавата големина на вашиот предизвик“, рекол Рама.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO