Најконтроверзниот период од животот на Михајлов се 20-тите и 30-тите години на минатиот век.

„Тоа е периодот што е контроверзен и за нашата историја“, вели таа и смета дека токму тоа е периодот што „во македонската историја го ставаме под тепих“.

Станува збор за времето кога Македонија била Вардарска бановина, односно дел од Кралството Југославија. На српските чети на оваа територија ѝ се спротивставувале терористичките чети на Ванчо Михајлов. Па, оттаму, вели Корубин, бруталноста на тогашното ВМРО и на самиот Михајлов биле одговор на бруталноста на српскиот окупатор и затоа „не може да се анализира неговата улога без да се земе предвид периодот во кој дејствувал. Тој е производ на тоа време, а во македонската историја проблем е што нема континуитет на настаните“, додава таа.

„Таа контроверзија сѐ уште нѐ следи, но таа не е наша изворна, македонска, туку е наследена од наративот што бил во поранешна Југославија, или конкретно на Србија“.

Целиот разговор на Никица Корубин за ПРИЗМА може да го прочитате ТУКА.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO