Премиерот на Бугарија, Кирил Петков и канцеларот на Германија, Олаф Шолц синоќа во телефонски разговор разговарале за мерките што ги преземаат земјите од Европската унија за снабдување со гас, соопшти владината прес-служба на нашиот источен сосед.

Петков го информирал Шолц за помошта што Бугарија може да и ја пружи на Украина за поправка на воената опрема и можноста Варна да биде логистички центар за пченица во контекст на превентивните мерки против меѓународната криза со храна.

Покрај Украина, Петков и Шолц разговарале и за процесот на интеграција на Западен Балкан и соработката со Република Северна Македонија. Прес-службата не дава повеќе детали на оваа тема, освен убедувањето на бугарскиот премиер, „дека иднината на регионот е во семејството на Европската унија“.

По рускиот напад врз Украина, канцеларот Шолц повика на што поскоро пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија како стратешки потег за мир во регионот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO