Грција планира да ја подмири сметката кон рускиот снабдувач со гас „Газпром“ следниот месец, на начин што нема да ги прекрши санкциите на Европската унија против Русија, изјави денеска грчкиот министер за енергетика Костас Скрекас.

Главната грчка компанија за гас, ДЕПА ќе добие фактура на 25 мај за да му плати на „Газпром“ за априлските испораки на гас, изјави Скрекас за грчкото радио „Скај“, без да прецизира во која валута ќе се врши плаќањето, пренесе Ројтерс.

Ќе плаќаме на начин што нема да ги прекрши санкциите и со кој се обезбедува енергетската безбедност на нашата земја.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO