Владата е подготвена за сценариото за сопирање на испораката на руски природен гас за нашата земја, а од своја страна во моментов го разгледува договорот за транзит низ нашата земја. Ова им го соопшти премиерот Кирил Петков на министрите и изјави дека Бугарија нема да подлегне на рекетирање и уцените за да го плаќа природниот гас во рубљи, а во исто време нема да се намалуваат доставките со сино гориво за потрошувачите кај нас.

Министерството за енергетика има јасен акционен план во сегашната ситуација, кажа премиерот Петков:

„Бугарската влада е подготвена за ова сценарио. Нема да има намалување на испораката на гас за потрошувачите на никаков начин“.

Сопирањето на природниот гас за нашата земја од страна на Гаспром е кршење на актуелниот договор, изјави уште Петков: „И уцена е да се користи вондоговорен план за плаќање во рубљи преку трети лица, кој не ги гарантира ниту доставките ниту парите на Бугарите.Исто така, Бугарија ги разгледува сите договори со Гаспром, вклучително и договорот за транзит низ Бугарија, бидејќи едностраното изнудување е неприфатливо“.

Во телефонски разговор утринава со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис Петков добил уверување дека физичката изградба на интерконекторот со Грција ќе заврши во јуни. Постои можност за испораки и пред тоа до Бугарија.

„Тој исто така потврди и заеднички дејства за диверзификација преку течен гас, така што таму комуникацијата на дневна основа и меѓу двајцата министри за енергетика исто.

Петков разговарал и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која коментирала дека едностраното кршење на договорот за снабдување од страна на Русија не е проблем само на Бугарија.

„Ова е проблем на цела ЕУ и одговорот ќе биде заеднички. Сакам да ги уверам сите бугарски граѓани да бидат мирни,има јасен план, европскиот одговор и сите алтернативи како да се одговори, ако ова нешто конечно се потврди денес, веќе сме подготвени со правилни чекори“, изјави Кирил Петков.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO