Фото: Ројтерс

Боксерскиот свет остана без голема легенда. Тајсон Фјури потврди дека е подготвен да се пензионира откако „остварил се што планирал“.

Тој се одлучи на овој чекор откако во шестата рунда од мечот на „Вембли“ со аперкат го нокаутира Дилијан Вајт и ја одбрани титулата шампион во тешка категорија во верзијата ВБЦ.

33-годишникот приреди спектакл за 100.000 навивачи на најголемиот стадион во Англија, по што следеше прослава кога Вајт заврши на подот. Успеа да стане за момент, но сепак изгледаше потресено и дезориентирано, па судијата Марк Лејсон ја прекина борбата.

Со нетрпение се чекаше најавата на боксерот за да се потврди дали навистина планира да се пензионира. Дали последенн пат влегол во рингот …

„На жена ми Парис и ветив дека ќе ја завршам кариерата по третата борба со Дионтеј Вајлдер. И така мислев. Тоа беше одлична трилогија. Но, ми понудија да се борам дома, на „Вембли“, мислам дека таа борба им ја должев на обожавателите. Секој човек во Обединетото Кралство. Сега е готово. Морам да бидам човек од збор, мислам дека тоа е тоа. Ова може да биде спуштање на завесата на кариерата на Кралот на Циганите. А ова беше добар начин да го направам тоа – рече тој.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO