
Со АНДРЕЈ НИКОЛАДИС, црногорски писател, ʺИндексʺ разговараше за ситуацијата во регионот по руската агресија врз Украина и ситуацијата во Црна Гора, каде што просрпската коалиција со месеци залудно се обидува да формира нова влада.
Откако Русија ја нападна Украина, завладеа епидемија на геополитички анализи, во кои често се шпекулира за прелевање на конфликтот во други држави, вклучително и Црна Гора. Мислиш ли дека тоа е возможно?
Мислам дека е малку веројатно, но не и невозможно. И не затоа што Црна Гора е во НАТО, па НАТО си ја работи својата работа, туку едноставно затоа што во моментов во Црна Гора има одредена рамнотежа на немоќ и не сум сигурен дека политичките, црковните и паравоените структури, а има и такви и тие се собрани претежно околу црквата на Србија, во овој момент се дрзнале да влезат во такво нешто затоа што нема гаранции дека би завршило успешно за нив, а за вакви работи се оди на долгогодишна робија.
Мислам дека тоа е главната причина зошто тоа веројатно нема да се случи. Од друга страна, знаеме како започнуваат конфликтите: доволен е еден инцидент, а работите подоцна излегуваат од контрола. Имате целосна контрола или воопшто немате контрола. За конфликт не е неопходно да имате граѓанство расположено за конфликт, тоа е само топовско месо.
Важно е да имаш средства и луѓе кои да го предизвикаат инцидентот, а тоа постои во Црна Гора. Мислам дека тие едноставно се плашат затоа што не се сигурни дека во тоа ќе успеат. И второ, на политички план им оди доста добро. Целите кои би ги постигнале со предизвикување на конфликтот, можат да бидат постигнати и политички. Зошто би влегле во нешто толку опасно?
Не можам да ги анализирам козметичките трикови на Порфириј и Јоаникиј
Ја спомна црквата. Патријархот Порфириј испрати помош во Украина, а дури и митрополитот Јоаникије рече дека денес е најтешкото за Украинската православна црква. Мислиш ли дека прават пресврт во однос на досегашната политика?
Ајде да станеме сериозни: јас навистина не можам да ги анализирам козметичките, маркетиншки трикови на Порфириј и Јоаникиј. Тоа е хипер проруска политичка структура која си ја врши својата работа. Начинот на кој Порфириј го пегла својот имиџ и како тоа успеа во Хрватска е во најмала рака комично и укажува на сериозно непознавање на политичките околности, а во некои случаи и на интелигенцијата на оние кај кои тоа успеало.
Супер, ако некој мисли дека црквата на Србија – која настапува под името Српска православна црква, а јас инсистирам на овој термин затоа што го користи Вселенската патријаршија, а ќе се согласиме дека тие знаат како која црквата се вика – повеќе не е проруска и не е средство за империјална политика во регионот затоа што Порфириј ја слушал Азра и испратил некои пакетчиња во Украина, let it be. Ok.
Мислиш ли дека Црна Гора има сериозна улога во руските империјални планови на овој простор?
Не, не, не. Црна Гора може да им биде интересна, исто како Босна, како место каде што може да се притисне копче, а имаат многу копчиња и да предизвикаат инцидент. Да речеме, затоа би се релаксирала на некој начин ситуацијата во Украина, комплицирал конфликтот, па би се обиделе да преговараат во два, а не во еден регион, во два, а не во еден конфликт.
Тие в 2016 година, се обидоа за државен удар во Црна Гора, што беше јасно документирано од сериозни странски служби, вклучително и британските. Тоа го соопштија и високи американски претставници. И за тоа нема спор. Меѓутоа, подоцна се случи нешто исклучително интересно: имаше синергија на интереси. Сега кога гледате како Западот се однесува кон Путин – зошто сега ние би требало да заборавиме колку се лижеа со него?
Путин го направија оние отстапки кои му ги даваа, а ги даваа затоа што заработуваа од трговија со енергија и други работи. Погледнете ги купиштата поранешни, истрошени, опаѓачки лидери на Европската унија кои отидоа да работат како слуги кај Путин. Овие луѓе се толку мизерни што дури и Вучиќ успеа да го купи Тони Блер да работи за него. Ако Вучиќ можеше да му плати на Блер, каков е проблемот Путин да му плати на Шредер или на некои многу повисоки фигури?
Со таква таканаречена елита, не ви требаат непријатели. И сега треба да заборавиме колку Путин ги финансираше, а знаеме дека ја финансираше европската десница и колку финансираше поранешни лидери на европската левица, наводни социјалдемократи, либерали, екологисти итн. Сега наеднаш никој нема врска со Путин и треба да се прекинат сите врски затоа што Путин станал нервозен во Украина, а последен пат кога беше нервозен во Украина и скина парче од Украина беше ок.
Оваа недоследност на политиката е навистина застрашувачка. Во Црна Гора имаше синергија на интереси за смена на Ѓукановиќ. Заедно на тоа работеше Русија – која за тоа се обиде со сила во 2016 година, но успеа на изборите, а во таа промена на власта во 2020 година беше дури секундарна – потоа американската амбасада, британската амбасада, Александар Вучиќ, Српската православна црква, невладиниот сектор и таканаречените независни медиуми. Затоа што кога ќе го отстраниме Ѓукановиќ, Црна Гора ќе биде сериозна демократија, која, се разбира, не станала и нема да стане во овој век. И што направија?
Странски експерти се обидуваат да формираат проевропска црногорска влада
Со ваква мобилизација успеаја да го добијат Ѓукановиќ само за еден мандат. Гледате колку бил силен овој човек во Црна Гора. Притоа, ќе победеше ако му беше дозволено да победи, излезе на избори со јасна информација дека мора да загуби. Немам никакви докази за тоа, но врз основа на индиции и податоци од партиите и податоци од самата изборна ноќ, мислам дека ги оставил да го направат тоа што наумиле да го направат.
Па, кога го направија тоа, тогаш разбраа дека се заебале бидејќи влијанието на Русија врз идната влада било многу посилно отколки што нивните информатори, а мислам на западните амбасади, невладиниот сектор и медиумите, им тврдеа. Проблемот со западните амбасади е што нивните ингорматори се капиталот на Путин.
Кога разбраа дека се заебале со таа влада, тогаш г-дин Габриел Ескобар, американскиот пратеник за Балканот, а всушност американскиот колонијален гувернер за овој дел од Европа, направи план да се отстрани таа влада и да ја замени со нова, но без избори. И тогаш е направена оваа архитектура со малцинската влада, која треба да ја направи Абазовиќ, а поддржана од Ѓукановиќ. Но, и таму се заебаа затоа што не земаа во предвид дека ќе почне ова во Украина.
Кога почна, тогаш разбраа дека половина од министрите ќе ги држи СНП, која не е про-Путинска, туку сталинистичка партија. Тогаш се појави проблем. И сега сме во ситуација кога некој од тие странски експерти треба да смисли како да формира црногорска влада која ќе биде проевропска, про-натовска и која нема да биде под контрола на Путин.
Тоа од една страна е интересно, а од друга страна тажно да се гледа, затоа што зборува дека сме сериозна колонија со ноторен недостаток за каква било демократија и дека САД и Европската унија се сериозно вклучени во задушувањето на црногорската демократија.
И Русија од друга страна.
Тие се најмалку важни затоа што се што се случи овде се случи затоа што тоа го дозволија САД и ЕУ. Ги имаат сите лостови на моќта во свои раце, ги контролираат финансиските текови. За вас нормално ли е на чело на тајна служба на една НАТО држава да дојде човек кој е крајно проруски настроен и кој бил адвокат на нарко клан? И тоа е ок?
НАТО нема никаков проблем со тоа. Идејата дека овде нешто лошо се случува затоа што не се информирани на запад е како анегдота за група затвореници на Голи Оток кои се претепани и потоа еден вели: „А луѓе мои, знае ли другарот Тито што ни прават овде?“
Неодамна во едно интервју рековте: ʺТреба да бидат изметени луѓето на Путин како Додик и другите браќа, кои се под целосна контрола. Тоа треба да се измете и да се воспостави нова политичка реалност на Балканот”.Кога велиш да бидат изметени, факт е дека некои луѓе гласаат за проруски, четнички, големосрпски, големохрватски, какви сакаш партии…
И после велиш дека тоае прашање на демократија. Се сложувам, се залагам воопшто да не се плеткаат, ама бидејќи се плеткаат, ајде тогаш да не се плеткаат како слонови во стакларница. Јас велам – ако сакате да бидете колонијални владетели на овие простори, еве кои се проблемите, овие луѓе се проблемот.
Се разбира, некои гласаат за нив, не некои, гласаат мнозинството, но од кога на колонијалната управа и е релевантен податокот за што мнозинството од домицилното население? Овде кај нас на изборите формално се консултира волјата на граѓаните, но во западните влади и амбасади се прави изборната архитектура.
Тоа е сосема очигледно. Зошто сега не одиме на избори? Но, не, истата ЕУ и САД инсистираат демократскиот проблем во Црна Гора да се реши не на демократски начин, односно преку избори, туку преку тајни договори меѓу Ѓукановиќ и Абазовиќ, кои, сметаат, дека ќе работат како што тие им рекле. И тоа е страшно иритирачки. Не можам доволно да нагласам: овој регион нема да биде мирен се додека се активни големосрпскиот национализам и проектот Голема Србија. Точка.
Секое мало геополитичко поместување Белград ќе го користи како нова можност да се обиде повторно да го оствари она што не го постигна во 90-тите. Од Гарашанин и Начертанието, преку Мољевиќ и Хомогена Србија и четничкото движење, па до четниците од 90-тите и овие поранешни четници како што е Вучиќ, тоа е еден проект.
Што постојано го дестабилизира Балканот? Факт е дека Србија е wannabe балканска империја. Таа сака да биде балканска империја, но веќе век и половина нема сила да стане, а потоа не злоупотребува со векови и нејзините мизерни обиди да изгради империја наместо да се посвети на градење демократска и просперитетна земја. Тврдам дека големосрпскиот национализам треба да биде ставен надвород законот, мора да биде идеологија што ќе биде забранета затоа што изврши геноцид во Сребреница. Точка.
Србија се обидува да го зачува својот приоритет, а тоа е проектот на Голема Србија
Како ти се чини однесувањето на Србија и Вучиќ сега, од почетокот на рускиот напад на Украина?
Тие се обидуваат да го зачуваат апсолутниот приоритет на нивната политика, а тоа е проектот на Голема Србија, која некогаш ќе се вика Хомогена Србија, некогаш Голема Србија, некогаш Српски свет, некогаш Отворен Балкан, во што им асистира и американската администрација. Пропутинските сентименти во Србија се енормни, ако некој навистина сака демократија, нека одржи референдум во Србија за тоа што навистина мислат граѓаните за Путин и каква политика сакаат Србија да води: апсолутно врзување со Русија или влез во Европската унија. Апсолутно, колосално мнозинство српски граѓани избираат силни врски со Русија, а не со Европската унија.
Црна Гора неодамна протера руски дипломат, Русија ја стави Црна Гора на листата на непријателски држави, а Дритан Абазовиќ изјави и дека Црна Гора е цел на Русија …
Ајде да престанеме да се заебаваме: двете партии кои Габриел Ескобар имаше намера да ги стави во центарот на идната црногорска влада, имено УРА на Абазовиќ и Социјалистичката народна партија, не гласаа за влез на Црна Гора во НАТО. Дали е важно кој што зборува денес и дали дели пакетчиња како Порфириј или како некој гласал во Собранието кога веројатно е донесена најважната надворешнополитичка одлука во последните 50 години во Црна Гора?
Мислиш ли дека НАТО ја штити Црна Гора од посериозен конфликт?
Не не. Јас мислам дека НАТО не штити никого. Не знам дали по она што се случи во Украина некој навистина верува дека тие би направиле нешто во догледна иднина.
Добро, Украина не е членка на НАТО.
А ние како да сме, но не се работи за тоа. НАТО е должен да ја заштити Црна Гора ако бидеме буквално нападнати од Русија, но дали НАТО ќе интервенира ако сојузот на српските собранија, на чело со претставникот од Бјелопавлиќ, на пример, реши да создаде српска автономна област во северна Црна Гора и ги заземе полициските станици, блокираат патишта? Дали некој навистина мисли дека НАТО ќе интервенира во тој случај?
Се вративме 20 години назад, евроинтеграциите запреа
Кога просрпската коалиција дојде на власт, ти ми рече: „Ние сме готови , Црна Гора повеќе не постои“. Мислиш ли сега тогаш си претерал?
Претерав, но не многу, затоа што во овој момент сè уште постои, но уште две-четири години вакво владеење и навистина повеќе нема да постои. Да бидам прецизен: ќе постои формално-правно, но како друга независна српска држава. И тогаш, во возбудата за тоа што се случи, не помислив на такво исчезнување, дека некој ќе ја избрише од картата.
Не, но радикално ќе се промени општествениот контекст, политичките околности и тоа се случи. Како што Додик се обидува да докаже дека Босна и Херцеговина е невозможна држава и води апсолутно деструктивна политика, така и Кривокапиќ во Црна Гора, заедно со Абазовиќ, кој не бил чистач во владата на Кривокапиќ. Тој беше потпретседател.
Тој е вториот најодговорен за тоа што се случи, а се случи да се вратиме 20 години наназад. Евроинтеграциите се стопирани, има страшна недоверба кон Северноатлантската алијанса кон институциите на Црна Гора, поради што и се прават овие рокади. Човекот што требаше да го испегла тоа, година и пол активно ја уништуваше Црна Гора заедно со Кривокапиќ.
Очекуваш ли оваа ситуација да се одрази на Босна и Херцеговина? Односно, дали може да пукне пушка?
Во моментов, Црна Гора и БиХ се споени судови. Ако нешто се случи во Црна Гора, сигурно ќе има пукотници во Босна и обратно. Бидејќи тоа се две држави кои се сметаат за дел од српскиот свет, има значителна популација на граѓани кои се декларираат како Срби и кои Белград традиционално ги гледа како топовско месо – во еден случај подловќенско, во друг прекодрински.
Но, ќе се обложам спротивно на разумот: ако се обложиш на негативен исход, големи се шансите да победиш, меѓу другото, и затоа светот е толку посрано место. Но, јас ќе одам спротивно на разумот, па ќе кажам дека се поголеми шансите да не се случи нешто толку лошо.
