Фото: Роjтерс

Следниот предизвик на Македонија во баражот за СП 2022 е Португалија. Поранешниот европски првак предводен од Кристијано Роналдо ја совлада Турција во плеј-офот и сега во Порто ќе го чека нашиот национален тим. Најдобриот стрелец и најдобриот играч во историјата на Португалија Кристијано Роналдо вели дека Македонија не смее да се потцени затоа што тоа е незгоден и тежок ривал.

„Се уште ништо не сме направиле, не сме постигнале. Има уште едно скалило до СП во Катар. Оваа победа над Турција е одлично нешто, но имаме уште еден меч. Мораме да се фокусираме и да не го потцениме противникот. Многу луѓе велат дека Македонија ќе ни биде лесен „залак“. Според мене, да се игра против Македонија е многу потешко отколку да се игра со Италија“, коментираше Роналдо.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO