Горан Пандев, легендата во фудбалска Италија, во пресрет на утрешниот бараж дуел со Италија, деновиве дава интервјуа за речиси сите позначајни медиуми во таа земја.

“Македонија ќе го нема Елмас. Е, тоа е предноста на Италија. Познато е што тој значи за нашата репрезентација, тој е клучниот играч. Штета. Јас сум уверен дека и без него сите наши фудбалери против Италија ќе дадат се од себе. Играњето на гости кај актуелниот европски првак за нас не е идеално. Но исто така притисокот е кај нив, не кај Македонија. Ние сме мотивирани, сепак ние сме со балкански менталитет.Можеш да ја победиш Германија а потоа да загубиш од Андора“ посочи меѓу другото Горан Пандев.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO