ʺЗа мене има голема надеж, синоќа на заедничката вечера видовме дека некои од министрите наместо да ја завршат вечерата веќе дефинираме специфични мерки што треба да ги направат и затоа денеска очекувам како и со Димитар што разговаравме, реални резултати“, рече во воведното обраќање премиерот на Бугарија Кирил Петков, на стартот од заедничката владина седница меѓу Скопје и Софија.

Тој додаде дека овој дијалог ќе го замени национализмот, јазикот на омразата и ќе покаже дека на двете страни сакаат да направат што повеќе за добрососедство.

Премиерот на Македонија рече дека дводневната посета во Софија е успех бидејќи се реализира на само една недела по посетата на Скопје каде што имаше договор за теми кои значат подобра соработка на полета на образованието, инфраструктура, иновации и комуникација и подобри врски.

ʺДвете Влади ќе работат на теми кои се од областа на инфраструктурата, конкретно на Коридор 8, патна инфраструктура, железничка инфраструктура и во делот на телекомуникациското поврзување. Потоа во делот на образованието, со што ги поврзуваме и младите со што правиме размена на идеи, знаење и тоа дава поголем ефект, отколку тоа го правиме сами“, рече премиерот на Македонија Димитар Ковачевски.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO