Бугарскиот Културен Клуб-Скопje со големи очекувања и надеж за пресврт во односите меѓу двете земји jа оценува сребата на премиерот на Бугарија Кирил Петков и премиерот на РС Македонија Димитар Ковачевски. Средбата се одржа во година кога одбележуваме 30 години од признавањето на тогаш Република Македонија од страна на Република Бугарија. Гледаме силна симболика во овој дипломатски акт, кој исклучително го потпомогна мирното раздружување на нашата држава од поранешна Југославија и нејзиното меѓународно етаблирање. Го поздравуваме најавениот нов пристап на бугарскиот премиер Кирил Петков и се надеваме, дека односите меѓу двете земји влегуваат во нова фаза на соработка. Одговорност и на двата премиери е да најдат решение за трајно и неповратно зближување и пријателство меѓу двете држави, преку видливи и конкретни резултати во полза на нејзините граѓани. Со таквите чекори се минимизираат силите и во двете држави кои на сметка на добрососедството извлекуваат лични и партиски дивиденти преку сеење раздор,омраза и спротивставување.

Категорични сме дека до таквото зближување и пријателство меѓу двете држави може да дојде само преку надградување и спроведување на веќе потпишаниот Договор за пријателство, добрососедство и пријателство, а не преку надградување на покасно поставените црвени линии. Само преку стриктното почитување на Договорот, кој со взаемна согласност ги регулира односите меѓу двете држави, се избегнува опасноста од продолжителен замрзнат конфликт, кој не е во интерес и на двете земји имајќи ги во предвид регионалните тенденции. Самозадоволството од црвените линии, може да ја лиши Бугарија од лидерската ролја во евроинтегративниот процес на Западен Балкан, а во РС Македонија да дава импулс на силите кои се против договорите со Грција и Бугарија. Последните сакаат, лишени од започнување на преговори со ЕУ да се ʺрадувамеʺ на ʺутешната наградаʺ Отворен Балкан. Во услови на нерешен спор Белград-Приштина и дестабилизација на Босна и Херцеговина, а од скоро растечки конфликт НАТО-Русија, од национален интерес и на двете држави е брзо изнаоѓање решение на спорот и започнување на преговори на РС Македонија и Албанија со ЕУ. На тој начин се создаваат успови за затврдување и реализирање на стратешкиот Коридор 8, обесхрабрувајќи ги центрите кои видно работат на промена на границите на Балканот. И не напоследно место, таквата ситуација, под чадорот на ЕУ, е многу поблагопријатна за осуштествување на правата на македонските бугари кои храбро треба да влезат во политичкиот живот на РС Македонија и да дадат свој удел во нејзиното демократизирање и европеизирање.

Го поздравуваме декларативно најавеното зближување и од двете влади, како и конкретните чекори кои се прават во насока на соработка во сите сфери (економија, инфраструктура, медиуми, култура и др.) . Тоа е од исклучително значење за граѓаните и на двете држави и ќе потпомогне за релаксирање на односите, намалување на говорот на омраза, но и за создавање на услови за разрешување на историскиот спор кој е во срцевината на актуелниот меѓудржавен конфликт. БККС, решението на историскиот спор го гледа во објективизација на историјата на РС Македонија, на базата на националниот идеал на историското ВМРО за слободна и независна Македонија без фалсификување на фактите.

Сосема природно беше ваквиот процес на објективизација на историјата да биде започнат од паријата ВМРО-ДПМНЕ, која од една страна декларира дека е наследник на историското ВМРО. За жал, нејзиното денешно раководство ја одрекува заедничката историја и се спротивставува на потпишаниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка. Токму затоа на 5.10.2020 година , БККС излезе со Меморандум за разрешување на историскиот спор. Во него предлагаме Патна карта која ʺсодржи беспорни меѓународни договори, акти, настани и документи преку кои ќе се опише целиот процес кој во конкретните политички околности довел до ʺзаедничка историја, која ги поврзува двете држави и нивните народи (формулација од потпишаниот договор)ʺ.

Настојуваме заедничката историја да се дефинира јасно. Тоа се:ʺЛицата родени и израснати на територијата на „географска“ Македонија, кои служеле на бугарската држава или црква (средновековна или модерна), или се бореле за нејзиното обновување; лицата или организациите кои ги определувале своите говори како бугарски, на базата на кои говори е кодифициран денешниот македонски јазик; лица и организации кои се бореле за автономна или независна Македонија, но го користеле бугарскиот литературен јазик за своите документи, знамиња и пропагандни материјали“.

ʺНа тој начин ќе се постигне и писмена согласност од двете влади, имајќи го во предвид се погласниот консензус дека решението на овој спор е во признавањето и на минатото и на сегашностаʺ.

Задачата на Историската комисија треба да биде сведена единствено до идентификувањето на овие личности и настани. Двете држави да се ангажираат да ги чествуваат заеднички овие  личности и организации и да гарантираат слобода на интерпретации, без навреди и напади.

ʺПатната карта треба да им дава сила на оние личности и политички субјекти и во двете држави, кои го поддржуваат Договорот и работат на неговото спроведување. А од друга страна, да ги маргинализираат оние кои од самиот почеток се изјавија против него. Ако имаме заедничка историја, тогаш таа не може да се краде и историјата не може да се промени, затоа што таа е таква какво што се случилаʺ.

Настојуваме и двете влади да ја земат во предвид и нашата констатација во Меморандумот на БККС дека ʺВаквите барања за внесување на македонските бугари во македонскиот устав, според нас, доаѓаат од истите центри кои ги поттикнуваат и финансираат барањата за признавање на ʺмакедонско национално малцинствоʺ во Бугарија. Се со цел тоа да стане предмет за трговии и тензии меѓу двете државиʺ. За ваквата констатација сме го земале во предвид фактот дека адвокатот на Орце Камчев и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ Тони Менкиноски е застапник на ОМО Илинден во Стразбур. Како што е познато некои политички кругови го беа преложиле Камчев за почесен конзул на Бугарија во РС Македонија, кое што не се реализираше поради негативната реакција на општеството. И така место да се маргинализираат силите кои од самиот почеток се изјавија против Договорот, тие се засилуваат и сме доведени во ситуација внесувањето на македонските бугари во уставот да зависи од ВМРО–ДПМНЕ. Разделувањето и спротивставувањето на поимите ʺбугарин“ и ʺмакедонец“ е историски неосновано и политички неоправдано. Тоа е рецидив на туѓи доктрини!

Впишувањето на македонските бугари во уставот на РС Македонија без прецизирањето дека тие со македонците имаат заедничко историско, културно и jазично наследство, претставува одрекување од ʺЗаедничката историја која ги поврзува двете држави и нивните народиʺ. Но, одрекување и од резултатите кои произлегуваат од заедничката историја. Без конкретни резултати во делот на заедничката историја, а со впишувањето на македонските бугари во уставот, нашиот статус во нашата држава ке биде сведен како тој на бугарите во Србија. Ако тие немаат заедничка историја со србите, не чествуваат заеднички историски личности и не зборуваат ист јазик, тоа меѓу нас, македонските бугари, и тие кои се изјаснуваат како македонци категорично не е така. Решението од оваа ситуација е промена на преамбулата во целосно граѓанска со што целосно ќе се усогласи со граѓанскиот концепт во самиот текст на Уставот, кој воедно и ги гарантира правата на сите етнички заедници.

БККС има докажано искуство и богати традиции во заштитата на човечките и граѓанските права на македонските бугари особено во тешките услови на режимот на Никола Груевски. Категорично се изјаснуваме против било каква дискриминација на етничка основа и при тоа ги повикуваме и охрабруваме сите, вклучително и македонски бугари да ги обелоденат таквите случаи и придвижат преку институциите на системот, ако има таква дискриминација.

 

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO