Еврокомесарот за проширувањето Оливер Ворхеји отворено се договара со лидерот на босанските Срби Милорад Додик за потенцијалното расцепување на Босна и Херцеговина, се вели во отворено писмо од група европратеници. Напишано е на иницијатива на Унгарката Каталин Че од ʺОбнови ја Европа“.

Авторите на писмото се повикуваат на протечен документ потпишан од постојаниот претставник на ЕУ во Сараево Јохан Затлер. Во него се тврди дека Вархеји и Додик договориле датум за специјална седница во ноември во парламентот на Република Српска, еден од двата конститутивни делови на Босна и Херцеговина. Двајцата се договориле и за 6-месечен мораториум за усвојувањето на закон за еднострано излегување на Република Српска од државните институции. Станува збор за армијата, судството и даночниот систем на државата. Од Европската комисија соопштија дека го добиле писмото од европратениците и дека ќе одговорат.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO