Фото: Роjтерс

На српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му е вратена визата откако австралиски судија го ослободи од сите обвиненија, но министерот за миграција Алекс Хок сè уште го задржува правото да му ја одземе во секое време.

Ѓоковиќ не се вакцинирал, а според неговото сведочење два пати се заразил со коронавирусот. Нему му беше одобрено ослободување врз основа на документ со кој се докажува дека бил заразен со корона на 16 декември, дека ја прележал и дека затоа може да влезе во Австралија.

Имено, исправноста на неговата ковид-потврда, односно тестирање, е под знак прашалник, а германски „Шпигел“ носи најнови докази.

Во документацијата на Институтот за јавно здравје на Србија се наведува дека Ѓоковиќ направил ПЦР тест на 16 декември во 13 часот и 5 минути, а тој тест седум часа подоцна покажал дека е позитивен на коронавирус. Сепак, германскиот весник наведува дека е спорно што неговиот позитивен резултат бил внесен во дигиталната етикета дури на 26 декември во 14:21 часот, а таа ознака треба да се внесе неколку минути по пристигнувањето на резултатите.
ʺШпигел“ ја скенирал QR потврдата од 16 декември и се покажало дека Ѓоковиќ е негативен. По неколку часа и повторно скенирање, истиот тест беше позитивен.
Друга сомнителна ставка се идентификациските броеви на потврдите за Ковид на Новак. Во Србија за секој тест се доделува нов идентификациски број. Бројот на позитивниот тест на Ѓоковиќ, кој според неговиот тим бил направен на 16 декември е 7371999, додека бројот на негативниот тест на 22 декември е помал за 50.000. Бидејќи бројките одат еден по друг и растат, истиот треба да биде поголем.
Германски ИТ експерти со анализа утврдиле дека негативниот тест бил направен и внесен во базата пред позитивниот, а не обратно, како што требало и како што тврдат Србите.
ʺШпигел“ заклучува дека позитивниот тест бил внесен подоцна, на 26 декември, а не на 16, кога требало и се поставува прашањето дали Ѓоковиќ бил позитивен подоцна отколку што тврди и како да се објасни дека дигиталната верзија покажала негативен тест на 10 јануари.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO