
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека е можно да се најде политички пат кон напредок со заеднички сили со Русија, но и да се реши загриженоста на Москва, додавајќи дека се уште постои ризик од конфликт.
ʺМораме да работиме напорно и да се надеваме на најдоброто, но и да се подготвиме за најлошотоʺ, изјави тој за „Фајненшл тајмс”.
Тој додаде дека Алијансата е подготвена за „нов вооружен конфликт во Европа” доколку преговорите пропаднат, во време кога западните власти се подготвуваа за потенцијални разговори со Москва за намалување на воените вежби, контролата на вооружувањето и ветувањето дека нема да инсталираат американски ракети во Украина.
ʺСвесен сум за руската историја. Со векови минувале низ конфликти со своите соседи. Но, Русија има алтернатива – да соработува, да работи со НАТОʺ, додаде тој. Столтенберг вели дека очекува дека ќе биде неопходно да се одржат „низа состаноци” за да се најде заемно прифатливо решение.
Тој додаде дека НАТО сака да се стреми кон подобри односи. И претходно докажавме дека сме способни за компромиси и да наоѓаме решенија со Русија, изјави тој.
