ʺУкраина не е Казахстан“ – вака вицепремиерката за европски и евроатлантски интеграции Олга Стефанишина одговори на прашање што ќе направи за да не се повторуви ситуацијата во нејзината земја при натрупување на руски војници на границата. Таа го кажа тоа на заеднички брифинг со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во седиштето на Алијансата пред почетокот на комисијата НАТО-Украина.

ʺОбратно на Казахстан, ние имаме силна заедница од експерти од граѓанското општество, а исто така и силна опозиција. Има и многу силно меѓународно единство кое ја осудува руската агресија на територијата на Украина. Не сме дел и од каква и да било постсоветска структура која, како што е во случајот со Казахстан, би дозволила надворешна воена интервенција на нејзината територија, како и да се овладее критичната инфраструктура“.

ʺНие имаме суверено право да избираме договори и сојузници, и тоа не е предмет на пазарења“, беше категорична Стефанишина на ултиматумот на Русија до НАТО да го запре ширењето на исток.

ʺСите ние треба да разбереме дека барањата на Русија до сојузниците не можат да се сметаат за преговарачка позиција. Агресорот не е во позиција да наметнува услови додека руските тенкови се на границата со Украина. Ги гледаме обидите на Русија да ги променуваат дискусиите. и да се закануваат со нова војна без да прават никакви чекори за изнаоѓање мирно решение во форматите на Минск или Нормандија. Русија едноставно се обидува да ја наметне својата агенда наместо да се врати на преговарачка маса“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека тешко може да се очекува решение на проблемите на сите средби закажани за оваа недела, но тие се обид да се избегнат воени дејства и да се закажат други заседанија за да се најдат ефективни решенија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO