Лидерот на Алијансата за ново Косово и пратеник во косовското Собрание Беџет Пацоли вели дека формирањето на Заедницата на српските општини е неминовно и дека Косово не може да ги избегне меѓународните обврски.

Пацоли нагласува дека се залага Косово да се однесува сериозно и да ги почитува меѓународните договори, како и да им верува на своите сојузници, во случајов ЕУ и САД.

ʺСе залагам Косово да се однесува како сериозна држава која ги почитува меѓународните обврски и им верува на своите сојузници. Ако некој мисли дека САД и ЕУ, кои се покровители на ЗКЦ, сакаат да создадат Република Српска на Косово или што и да е а не знаат каква опасност претставува Србија, искрено не знам каде живеатʺ, рече Пацоли.

Тој додаде дека формирањето на Заедницата на српските општини не може да се избегне и дека тоа е меѓународна обврска што Косово ја презеде во соработка со САД и со Европската унија.

ʺИмаме среќа што ја немавме логиката што владее на Косово денеска во критичните моменти за државата, инаку немаше да има Рамбује и бомбардирање на Србија и Ахтисари и прогласување независност. За паранојата нема место во политиката, но на земјата и треба лидерство, а не изолација и страв од традиционалните сојузници на Косовоʺ, рече Пацоли.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO