Реал Мадрид ја започна со погрешен чекор 2022 година и загуби на гостувањето на Хетафе со 0:1. Лидерот во Ла Лига ја прекина серијата од 11 последователни натпревари без пораз, бидејќи беше во одлична форма. Загубата е само втора за тимот на Карло Анчелоти од почетокот на сезоната.

Стрелец на единствениот гол во регионалната пресметка беше Енес Јунал, кој погоди во 9. минута.

Победата е втора по ред за Хетафе, а тимот веќе е во серија од шест последователни натпревари без пораз. Ова му овозможи да се искачи на 16. место во Ла Лига со 18 бодови.

Освен тоа, Хетафе победува против Реал Мадрид на својот стадион за прв пат од 2012 година.

Мадриѓаните и понатаму остануваат на врвот на табелата со 46 бодови, осум повеќе од Севиља која има два натпревари помалку.

Еден кикс на одбраната на Реал во деветтата минута му овозможи на Јунал да го отвори резултатот. Во првите минути гостите играа колебливо, а Хетафе делуваше многу подобро. По 20тата минута Реал се активираше и особено по паузата тотално доминираше.

Голманот на Хетафе, Давид Сорија, одлично ги одбрани ударите на Касемиро, Бензема и Иско. Лука Модриќ ја погоди гредата уште во првото полувреме.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO