Видела жабата дека го потковуваат волот- и таа ја подигнала ногата. По империјалната доктрина за „руски свет“, се појави квази-империјалната претензија на Белград за „српски свет“. Српскиот национализам беше надуен до пукнување од менторите од Версајска Европа во 1919 година. Во течение на повеќе од 70 години, Белград беше разгаленото балканско дете на елитата на победниците-и во Првата и во Втората светска војна. Кога со крајот на Студената војна настапи неповратната криза на втора Југославија, Милошевиќ и неговите доктринари од Српската академија на науките решија со сила да ја заменат со една нова ʺВелика Србија“. Макар што постигнаа значајни воени победи, големосрпските шовинисти брзо се исправија пред еден променет свет. Наместо ʺтапкање по грбот“ за својата квази-империјална политика во текот на целиот 20ти век, Белград доби остра осуда од меѓународната заедница, што кулминираше со бомбардирањето на режимот во 1999 година.

Следеа години од внимателното враќање во меѓународниот живот на неколку реформски влади во Белград, балансирајќи помеѓу рамката на однесување наметната од светската елита и ранетиот, но преживеан големосрпски национализам. Се додека на власт не дојдоа наследниците на Шешељ и другите ʺхерои“ од 90-тите. Денешна Србија усилено се вооружува под одобрувачкиот поглед на Москва, која целенасочено го претвора Белград во преден пост на рускиот империјализам на Балканот. Очигледно – со истите стари цели, под истото старо мото – „Раздели па владеј“. ʺСрпски свет“ нема. Нема и српски Балкан. Има само опасни копнежи за уште една ʺВелика Србија“. И тоа треба да биде лекција за официјална Софија.

Прво, затоа што секое потчинување на Москва со надеж да го заслужиме снисходењето на Кремљ е сметка без крчмар. На Балканот рускиот сојузник е Србија. Бугарија е пречка за великодржавните амбиции на Русија – 150 години е така. Второ, затоа што секоја бугарска услуга за Србија е спротивна на интересите на Бугарија како членка на НАТО и ЕУ – како што е бесплатниот гасовод – подарок за Белград или конфликтот со Скопје – ја деградира нашата национална безбедност и ја зајакнува визијата на Бугарија како ненадежен партнер. . И трето, затоа што ако Бугарија и другите соседи на Србија не му покажат на Белград дека живеат во европски свет и немаат намера да го заменат со ʺсрпски свет“, мрачните времиња од 90-тите години може брзо да се вратат.

Огнјан Минчев-бугарски политиколог, доктор по социолошки науки


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO