Екипата на Јувентус победи на домашен терен против Џенова со 2:0 во натпревар од 16 коло во Серија А.

Головите беа дело на Хуан Куадрадо во 9. минута и Пауло Дибала во 83. минута.

Со оваа победа Јувентус е веќе петти во Серија А со 27 бодови, но на цели 7 од 4-та Аталанта. Води Милан со 38 бодови.

Џенова го забележа четвртиот последователен натпревар под водство на Андриј Шевченко без постигнат гол и е во зоната за испаѓање со 10 бода.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO