ʺЗа секоја земја е добро нејзината надворешна политика да е одржлива. Во текот на преговорите беа препотврдени главните приоритети на бугарската надворешна политика. Незадоволни сме од тоа што чекаме другите да ни кажат што да правиме, време е за Бугарија да е субјект, да креира политики на глобално ниво. Тоа е новото, на кое ставивме акцент. Бугарија треба да биде поиницијативна во својата надворешна политика и во однос на европските прашања“.

Ова за БНР го изјави Стефан Тафров од ʺДемократска Бугаријаʺ, кој учествува во преговорите за надворешна политика меѓу четирите партии за нова влада во Бугарија.

Според него, Бугарија треба да го користосвоето членство во НАТО и ЕУ мора да го искористиме и да ги поставува своите односи со големите земји на принципиелна основа.

ʺВажно е да се почитуваат принципите на меѓународното право, на овие принципи ги развиваме нашите односи, вклучително и со Русија… Кина е важна земја. Кон неа,добро е да се потпреме на нашето членство во ЕУ, во наш интерес е да се разработи општовропски пристап кон Кина“, додаде Тафров во предавањето ʺ12 + 3“.

На темата РС Македонија, четирите партии во преговарачкиот тим ги изложија своите ставови и го оставиле редактирањето за крај, ʺбидејќи секој збор е важен“.

ʺСакаме да ја надградиме нашата сегашна позиција во насока на активизирање на бугарската дипломатија. Време е Бугарија да си ја врати иницијативата за проширување на ЕУ на Западен Балкан… Комисиите треба да бидат задвижени и да се промени климата во билатералните односи… Тревожни се тенденциите на односот кон Бугарија во РС Македонија, се вселува непријателство. Затоа од ДБ велиме дека односите над омраза не можат да се градат. Во целиот нашрегион дека има негативни тенденции, и во Босна и Херцеговина и во Косово. Кога ќе се додадат и тензиите меѓу Бугарија и РС Македонија, тоа помага на играчи надвор од НАТО и ЕУ“.

Интервјуто со Стефан Тафров можете да го слушнете на звучниот фајл ТУКА.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO