ʺБилатералното прашање меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да биде решено. Има конкретни предлози, формулирани како 5 + 1, од бугарска страна заедно со европските институции. Тие се во вниманието на властите во Скопје. Тие имаат намера да одговорат што е можно поскоро. Не гледам причина зошто да не се разговара за нив дополнително. „Ова го кажа за БНР европратеникот од „Обнови ја Европа“, Илхан Кјучјук, кој е постојан известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија.

ʺИма патна карта, има 6 услови кои Бугарија ги ставила на маса. Претстои да се одговори од македонска страна на нив. Зборуваме за инфраструктурни проекти – некои од нив веќе се развиваат. Т.е., нека да кажеме- Бугарија да ја преиспита својата позиција врз основа на она што е постигнато во последните години“.

За регионот да не остане во сивата зона, тој треба да се претвори во интегрален дел од унијата, посочи Кјучјук.

ʺОчигледно е дека треба да бидат дадени сериозни гаранции дека ќе се почитува договорот од 2017 година“, додаде тој.

Европратеникот смета дека сега во РС Македонија има политичка волја за уште посилен ангажман и одложувањето на прашањето за следните неколку месеци носи ризици од внатрешна и надворешна дестабилизација.

ʺРазговарајќи за историјата, на мене ми се чини дека ќе го изгубиме разговорот за минатото. Осознавам дека историскиот разговор е многу важен, но и разговорот за иднината е многу суштествен“, коментираше Илхан Кјучук за програмата ʺПред сите“.

Според Кјучјук, претстои сложен процес – да покажеме дека имаме историско минато, но сме ги земале и поуките од историјата и тргнуваме да надградуваме. Тој праша што нè спречува да имаме многу порационален и постратешки поглед на бугарските односи со Северна Македонија и нагласи дека продолжува да ни пре1и тоа колку малку знаеме еден за друг.

ʺИ би сакал новата влада да гледа на Република Северна Македонија не како на проблем, а како на стратешки ресурс. Да имаме план-програма, надворешно политичка и овие идеи, вградени во програмата, да бидат сериозно финансиски поддржани и да се користи во овој случај европскииот инструментариум“.

Во изминатите денови, Илхан Кјучјук ја посети РС Македонија.

ʺОгромна трагедија што му се случи на македонскиот народ. Сите го доживуваат, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Срби. Ја гледам големата тага во лицата на луѓето. Политичарите не се исклучок“, рече тој во врска со тешката автобуска несреќа на автопатот Струма.

Целото интервју слушнете го на звучниот фајл ТУКА.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO