
Арсенал на домашен терен го победи Њукасл со 2-0 во првиот натпревар од 13то коло на Премиер лигата. Натпреварот се одигра на стадионот ʺЕмиратиʺ, а головите ги постигнаа Букаjо Сака во 56. минута и Габриел Мартинели во 66. минута.
ʺТопчиите“ веќе имаат 23 бода и се петти во поредокот на англискиот фудбалски шампионат.
ʺСтрачките“ имаат 6 бода и се последни во тековното рангирање во Премиер лигата. Лидер на табелата е Челзи со 29 бодови.
