Фото: Роjтерс

Во Грција, повторно се интензивира кампањата за имунизација против коронавирусот, по воведувањето на ограничувања за невакцинираните. Премиерот Кирјакос Мицотакис ја отфрли можноста за воведување на локдаун.

Грчките власти констатираат зголемен интерес за вакцинација откако воведоа ограничувања за луѓето без имунизација. Околу 70.000 дневно се вакцинираат, според Министерството за здравство. Грците веќе чекаат во редици на повеќе места во земјава пред центрите за вакцинација. Дел од лекарите од Советот за контрола на пандемијата настојуваат за воведување задолжителна вакцинација и тестирање дури и на лица со две дози. Владата одби да ги спроведе овие мерки.

Проблем за грчките власти е високата бројка од околу 570.000 граѓани на возраст над 60 години кои не се вакцинирани ниту со прва доза.

Според последните проучувања, 56 отсто од Грците веруваат дека владата не се справува со пандемијата.

Доцна синоќа во Солун протестираа лекарите од државните болници кои побараа итна мобилизација на сите медицински лица на приватна пракса, како и на сите приватни клиники.

Од денеска во десет државни болници започнува употребата на моноклонални антитела за лекување на пациенти со Ковид.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO