Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе ги посетат Литванија и Летонија за да разговараат за тоа, кое тие гоопределија како ʺзаеднички одговор на хибридниот напад од Белорусија“, соопшти денес Европската комисија.

Патувањето во Вилнус и Рига ќе се одржи на 28 ноември. Таму ќе се сретнат со литванскиот претседател Гитанас Наузеда и со латвискиот премиер Артурс Кришјанис Каринш и ќе ги посетат канцелариите на НАТО во Рига со директорите на Европскиот центар за врвни постигнувања за борба против хибридни закани.

Летонија и Литванија се меѓу земјите во кои се зголемува бројот на мигранти од Блискиот Исток кои се обидуваат да влезат во Европската унија преку Белорусија.

ЕУ го осуди начинот на кој Минск се справува со мигрантската криза и ја обвини Белорусија дека ги користи мигрантите како начин за ʺхибриден напад“ на блокот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO