Фото: Роjтерс

Францускиот претседател Емануел Макрон и министерката за одбрана Флоренс Парли потпишаа договор во вредност од околу една милијарда евра за продажба на Хрватска на 12 користени борбени авиони Рафал.

Настанот на потпишувањето се одржа денес во главниот град на Хрватска, Загреб.

ʺПотпишувањето на договорот за авионите Рафал има особено силно значење за време на денешната посета, ново поглавје во нашите односи. На овој начин ги зајакнуваме капацитетите на хрватската армија и хрватските воздухопловни сили, а обезбедените авиони ќе влијаат на надворешната политика и на одбранбениот систем на Хрватска“, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Макрон и се заблагодари на Хрватска што ʺсекогаш била вистински и јасен партнер“ и изјави дека ги поддржува напорите на земјата да се приклучи на Шенген зоната. Тој нагласи дека Франција ќе работи за тоа, кога од почетокот на следната година ќе го преземе претседавањето со Советот на Европската унија.

ʺВо март ќе зборуваме за Европа која треба да биде пообединета и која треба да ја задржи својата сила“, изјави уште Макрон.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO