Специјалниот пратеник на Република Северна Македонија за Бугарија Владо Бучковски изрази уверување, коалициските преговори во Бугарија да доведат до формирање влада која ќе почне да работи на решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје.

ʺВерувам дека промените што ги ветија тандемот Петков и Василев имаат сериозно позитивно влијание врз македонската јавност. ʺМеѓу нас е нарушена довербата, како што велите вие, и ни треба силна верба дека можеме да постигнеме решение“, рече тој за БНР, мислејќи на лидерите на ʺПродолжуваме со промената“.

Бучковски го коментираше и претстојниот состанок на Европскиот совет во декември:

ʺНа масата се проблемите, треба да се бара компромис. Јас сум убеден дека можеме да го постигнеме. Колку брзо? Тоа е прашањето на кое во овој момент немам одговор“.

Во врска со трагичниот инцидент на автопатот Струма, во кој загинаа 44 лица, тој изјави:

ʺБугарија прави се, дури и повеќе од тоа, кое големите скептици го веруваа дека пријателска Бугарија ќе го направи во еден трагичен момент. Во такви моменти се познаваат вистинските пријатели. Оваа трагедија и болката што ја нанесе на македонските и бугарските граѓани ќе биде дополнителен мотив за политичарите да ги отворат очите и да гледаат кон иднината. Многу работи можат да се променат, но ние секогаш ќе бидеме први соседи, најблиски“.

Интервјуто на Георги Марков со Владо Бучковски во предавањето ʺНешто повеќе“ можете да го слушнете на звучниот фајл ТУКА.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO