ʺБеса транс“ сега нема лиценца за работа, за превоз на патници. Службите кај нас работат тековно, до мене вчера дојдоа два предмети на две компании кои побарале лиценца, а кои биле одбиени, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во Студио 10.

ʺПравилата на игра се знаат, мора сите чинители во општеството да ги вршат своите дејности според процедури. Автобусот е „мерцедес“ од 2007 година, не сум стручен да кажам дали овој автобус е безбеден. Со мојот бугарски колега имав разговор, оставивме простор доколку треба заедно да одиме на местото на несреќата, имаме постојана комуникација. Не отидов во Бугарија затоа што премиерот и двајца колеги отидоа таму. Главниот збор и таму го има Обвинителствотоʺ, вели Бочварски.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO