Преживеаните патници Љуљзим Сулејмани од Прешево и неговата вереница Медина Љутфи се опоравуваат во Софија, по пеколот што ги снајде на автопатот „Струма“. Според Љутфи, се се случило за неколку секунди.

ʺСите спиеја. Имаше и еден човек зад мојот грб кој се обидуваше да се спаси. Вереникот ме разбуди и го скрши стаклото. Потоа слезе долу и ме повлече со негоʺ, вели Медина за „БНТ“.

Таа информира дека автобусот удрил во банкината, по што избувнал пожарот.

ʺБрзата помош дојде за 4 минути. Додека бев со болничарите, тие ме замолија да контактирам со моите роднини во Македонија. Ми дадоа мобилен телефон да се јавам, бидејќи немаа интернет. Им кажав дека сум добро и дека закрепнувамʺ, вели Медина.

Таа ги информирала новинарите дека немале други роднини во автобусот, односно дека двајцата сами патувале за Истанбул.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO