Американскиот Стејт департмент вчера вечерта објави дека се воведени дополнителни санкции поврзани со гасоводот ʺСеверен поток 2ʺ.

Дополнителните санкции што Стејт департментот му ги претстави на американскиот Конгрес вклучуваат два брода и руската компанија Transadria Ltd., кои работат на проектот, се вели во изјавата на државниот секретар Ентони Блинкен.

ʺИ покрај тоа што администрацијата продолжува да се спротивставува на гасоводот Северен поток 2, вклучително и преку нашите санкции, ние продолжуваме да работиме со Германија и другите сојузници и партнери за да ги намалиме ризиците од гасоводот за Украина и да ги одбиеме со НАТО и ЕУ штетните руски активности, вклучително и во енергетскиот сектор“, се вели во соопштението на Блинкен.

Денес Кремљ ја осуди новата рунда санкции во вркса со гасоводот Северен поток 2, наметнати од Соединетите држави.

Санкциите против Северен поток 2 се продолжување на таа политика на санкции, од која Вашингтон упорно одбива да се откаже. Се разбира, тоа е нешто кон кое имаме крајно негативен став, за тоа сме зборувале многу пати. Но повторно тоа го сметаме за незаконско, погрешно, особено во услови на толку интензивни обиди да се развие претходно изгубениот дијалог“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Вашингтон се противи на гасоводот од 11 милијарди долари што минува под Балтичкото Море за да ја заобиколи Украина и да транспортира гас од рускиот арктички регион до Германија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO