Патничкиот автобус, кој синоќа се запали на автопатот Струма и во кој загинаа 45 лица, бил на автопревозникот од Тетово ʺБеса трансʺ, објави Слободен печат, повикувајќи се на свои извори. Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев изјави дека Беса Транс е превозникот кој го поседува автобусот со македонска регистрација, кој изгоре на автопатот Струма. Се покажа дека фирмата „Беса транс“ има компанија во Тетово, но истоимената фирма има и во Бугарија. Нејзината регистрација во Ќустендил датира од 2011 година, а во јули 2019 година станува сопственост на 30-годишниот Аздрен Зубери, со албанско потекло. Тој е роден во 1991 година во село Нераште, општина Теарце.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO