Tуристичката агенција ʺБеса Транс“ чиј автобус изгоре во сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија е регистрирана во Ќустендил, објавија бугарските медиуми повикувајќи се на проверката направена во Трговскиот регистар.

Aгенцијата функционира од 2011 година, а од 2019 година нејзин управител е Аздрен Зубери, македонски државјанин со албанско потекло. Седиштето на фирмата е во Ќустендил, но има и неколку канцеларии во Скопје и во други градови во Северна Македонија.

ʺНе можам да ви дадам информација. Не знам ништоʺ – изјавил претставник од компанијата за „24 часа“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO