Холандскиот премиер Марк Руте денес ги осуди насилните протести во земјата против антиепидемиските ограничувања.

Тој изјави дека секогаш ќе го брани правото на луѓето да протестираат, но додаде дека никогаш нема да прифати, идиоти да искористат чисто насилство врз полицијата и болничарите под превезот ʺние сме незадоволни“.

Руте ги призна тешкотиите да се живее со Ковид-ограничувањата, кои беа повторно наметнати во Холандија, откако бројот на заразени луѓе се зголеми.

Тој меѓутоа кажа, дека властите ќе направат се што е во нивна моќ да ги повикаат на одговорност виновниците за немирите. Над 60 луѓе беа уапсени за време на Ковид-протестите во текот на викендот, а полицијата дури и испука предупредувачки истрели кон демонстрантите во Ротердам.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO